Познатата поп пејачка Бојана Атанасовска по едногодишна пауза од македонската музичка сцена, повторно се враќа со емотивна балада, онаква каква што посакувала во нејзината кариера. “Тешко време” е насловот на новата нејзина песна, а истата е дует со кантавторот Борче Димитров.
“Новата песна е сериозен премин во мојата кариера. Ги надминав тинејџерските рефрени. Долго време немав идеја во која насока да продолжам и затоа немав нов репертоар. Овој пат, нема да ја повторам грешката” вели Бојана. Таа воопшто не крие дека пее по ресторани и кафеани, вели дека добрата заработка ја натерало да се фокусира на таа сцена. Откако се разведе сеуште е сама, но не и осамена.
“Немам момче. Не сум фокусирана на тој дел од мојот живот. Не ми треба партнер, доволна ми е музиката. Засега е така”, додава таа.
Подготви: Синиша Новевски
