Музика на кирилица

По 8 години пауза, Маријан Стојановски се враќа на мак поп сцената

По осум години пауза од македонската музичка сцена, познатиот македонски поп пејач Маријан Стојановски кој сите ние го паметиме по неговите најголеми хитови: “Ненаситен”, “Подарок”, “Срце ќе ти украдам”, “Андреа”… повторно се враќа на македонската поп сцена. Тој во утринската емисија на ТВ Сител изјави дека во моментот е ангажиран со својата работа во Македонската опера и балет, но истовремено работи на нови песни заедно со познатиот продуцент и DJ Ерик Фокс.

Инаку, би сакал да настапи на фестивалот за забавни мелодии “Макфест”, бидејќи тој е еден од фестивалите каде во минатото често има настапувано, а меѓудругото заедно со Андријана Јаневска со песната “Љубов ти е адреса” во 2000-та година го добија првото место односно победија. Ја поздравува одлуката на Владата на Република Македонија со која што им се помага на македонските изведувачи да снимаат песни, па во идниот период и тој размислува да конкурира на конкурсот кој што е објавен од Министерството за култура.

До објавувањето на новата песна и видео спот на познатиот Маријан Стојановски, само за момент потсетете се на неговата позната песна, која и ден денес е хит – “Подарок”.

Подготви: Магдалена Атанасовска

Можеби ќе ве интересира: