Музика на кирилица

По повод 100-та емисија “Распеана Македонија” со специално издание на 13-ти јуни (Фото)

Кога започнуваа ние како музички портал им пруживме поддршка, ние секогаш поддржуваме се што е квалитетно, а е поврзано со македонската забавна, народна музика. Телевизија Сонце секое утро од 9 до 11 часот емитува македонска музика, каде може да се слушнат најголемите хитови од Лозано, Владо Јаневски, Дани, Наум Петревски, Сузана Спасовска, Сузана Гавазова, Миле Кузмовски, Елена Велевска…

Месецот јуни ќе се емитува 100-та емисија за која е подготвено специално издание. Имено во живо Елена Велевска ќе направи телевизиско шоу во кое ќе изведуваат пред се патриотски песни кои таа никогаш до сега не ги испеала. Покрај тоа ќе може да се слушнат песни од еден од нај продаваните албуми на Велевска, но и највртен ДВД проект “Ѓердан за душата1”, кој е составен од најголемите македонски народни, старогратски хитови.

Премиерно гледачите ќе можат да го видат во сабота 13-ти јули во 9 часот, а репризното издание е во недела во истиот термин. Првата полу сезона ќе трае до крајот на месецот јуни, по што следуваат репризи, а од септември следува нешто сосема ново и поинакво, откриваат од ТВ Сонце.

Потребата на публиката за македонска музика ја докажа гледаноста на оваа емисија, во која може да се слушне музика за сечии вкус. Скоро и да нема македонска музика на другите телевизии, но ние се надеваме дека останатите ќе го следат примерот и ќе емитуваат македонска музика, а ние им посакуваме да оваа емисија трае и да им се множат емисиите и годините поминати во тв етерот.

Подготви: Редакција Музика24

Фото: Инстаграм

Можеби ќе ве интересира: