Aлбанскиот пејач Шпат Касапи кој беше именуван за советник во Кабинетот на првиот вицепремиер Артан Груби е разрешен по откривањето на скандалот со дрогата пронајдена кај Касапи.
„Уште во 8 часот наутро. Тоа беше прво нешто што го направив денес“, потврди Груби за „360 степени“.
Касапи пред околу еден месец беше фатен со две пакетчиња непозната прашката материја во Ѓорче Петров. Дрогата му била одземена, а тој бил приведен. Триесет и петгодишниот тетовец Касапи инаку е син на поранешната пратеничката од СДСМ, Ѓумлсере Касапи.
