Пејачката Љупка Димитровска-Калоѓера почина во 70-та година од животот, вчера во попладневните часови, по кратко и тешко боледување, соопшти во вторник Хрватската музичка унија.
Љупка Димитровска-Калоѓера е родена во 1946-та година во Скопје. Беше великан на забавната музика и шлагерите на просторите на поранешна Југославија, а врвот на својата кариера го достигна 70-те и 80-те години. Својот прв албум насловен “Љупка” го објави во 1975-та година.
Легендарната пејачка мина речиси половина век на музичката сцена, оставајќи зад себе бројни незаборавни песни, меѓу кои и големиот хит “Ѕвона ѕвонат”. Токму како изведувач на шлагери ги постигна најзапазените успеси, освојувајќи бројни награди на фестивалите ширум поранешна Југославија, но и на меѓународни фестивали во Источна Германија, Чехословачка, Грција, Франција и многу други земји.
Последното испраќање ќе биде во кругот на семејството.
Подготви: Марија Поповска
