Музика на кирилица

Погледнете: Како изгледала Ноне Неделковска како мала и каде прв пат настапила (Фото+Видео)

Претпоставуваме дека сите повеќе или помалку сите ја познавате некогаш популарната и позната македонска поп пејачка Ноне Неделковска. Таа веќе подолг временски период не е веќе дел од македонската музичка сцена, поради тоа што својот живот го посвети на сосема друга работа.

Но дали знаете кога и како таа започнала да пее? Како изгледала како мала и која песна тогаш ја пеела?

Во 1995-та година на детскиот фестивал “Златно славејче” на сцената се појави едно симпатично, русокосо девојче кое пееше за смелите каубои, облечено препознатливо според темата за која и пееше. Срамежливо излезе на сцената и ја отпеа својата песничка. Како тоа изгледаше погледнете во продолжение:

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: