Игор Митровиќ ја освои публиката на овогодинешниот “Макфест” со преубавата балада “За крај”, за која сними видео спот и истиот деновиве беше промовиран. Да Ве потсетиме дека автори на песната се Александар Масевски (музика и аранжман) и Билјана Пашариковска (текст). Спотот се снимал неколку дена на различни локации. Во него, покрај Игор, како статисти се јавуваат Билјана Јаневска и Марко. Целата приказна е во режија на Нена Зафировска и Дарко Цветаноски.
Дека овој потег е одличен, покажува гледаноста на видеото на музичкиот интернет канал YouTube за само два дена и споделувањето преку социјалните мрежи. Нам ни преостанува само да го пофалиме Игор за вложениот труд и да му посакаме уште многу успеси во иднина.
Во продолжение можете да го погледнете видеото.
Подготви: Сања Неткова
