Музика на кирилица

Последна песна на едно младо срце (Фото)

Со длабока тага ја примивме веста за прераното заминување на Ѓорѓи Горѓиев, млад и талентиран музичар од Струмица, кој со својата љубов кон музиката ги освојуваше срцата на сите околу себе. Неговата страст, посветеност и несебична енергија беа инспирација за многумина, оставајќи неизбришлив траг во музичката сцена.

Трагичниот пожар во Кочани згасна еден млад живот, но не и светлината што Ѓорѓи ја носеше. Неговата музика ќе продолжи да живее како сведоштво за неговата уметничка душа, а неговиот дух ќе остане вечно врежан во сеќавањата на сите што имаа привилегија да го познаваат.

„Нема зборови за утеха, само солзи и неизмерна тага…Тагуваме со мојата Струмица за нашиот струмички ангел Горги Горгиев, за прекинатата младост и неговите соништа…Од 14,30 часот градскиот плоштад во Струмица ќе биде местото каде што заедно ќе може ја споделуваме болката и тагата за нашиот ангел и сите млади луѓе кои ги загубија животите во дискотеката во Кочани, да се молиме за нивните души и за здравје на повредените.Утре од 8 часот во просториите на општинската зграда ќе биде отворена книга на жалост“, напиша на својот Фејсбук профил градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов.

Изразуваме најдлабоко сочувство до семејството, пријателите и сите што го сакаа. Почивај во мир, Ѓорѓи. Твојата песна ќе одекнува вечно.

Можеби ќе ве интересира: