Познатиот македонски композитор, продуцент и аранжер Дарко Димитров, кој за поголемата балканска естрада подготви голем број на хитови и албуми, ќе учествува на Евровизија 2024 во Шведска, Малме. И покрај тоа што Македонија веќе втора година по ред не учествува на овој познат избор за песна на Евровизија, тоа не ги спречува нашите познати и веќе докажани музички имиња и продуценти да создаваат музика и песни за други земји во регионот.
Во неможност Димитров да направи песна за својата сопствена земја Македонија, тој овој пат е дел од продуценскиот тим на песната „Zemrën N’dorë“ на албанската пејачка Besa Kokëdhima која неодамна беше избрана за евровизиски преставник на Албанија.
Ова не е прв пат Димитров да има свој удел во песната која што е евровизиска претставничка за Албанија. Тој во 2015-та беше продуцент на песната „I’m alive“ на Elhaida Arilena Ara, но поради коронавирусот и ковид пандемијата таа година Евровизија беше откажана. Тој досега освен за Македонија, бил композитор или продуцент и за останатите земји учеснички како Црна Гора и Србија.
Оваа година Димитров учествува со своја песна на „Беовизија“ каде Лена Ковачевиќ ќе ја отпее неговата песна „Зови ме“.
