Музика на кирилица

Препознатливо, македонско, емотивно – Next Time ја промовираа “Нешто ќе те питам бабо” (Видео)

“Знамето им беше аго црно и црвено и на знаме пише аго смрт ил слобода, смрт ил слобода аго за Македонија”, вака звучи дел од новата преработена песна на групата Next Time, кои вчера вечер во преполниот Драмски театар во Скопје ја промовираа нивната најнова песна, односно, преработката на македонската народна песна “Нешто ќе те питам бабо”.

Како што многумина велат, браќата Стефан и Мартин или Next Time овој пат се надминаа самите себе си. Со преработката на оваа позната малку заборавена народна песна, тие донесоа одличен видео спот како и многу емоции при слушањето на истата и гледањето на видео спотот кој што е во реализација на Мелем продукција и режисерот Огнен Шапковски.

Аранжманот на оваа нова песна е дело на веќе препознатливиот и на далеку познат Николче Мицевски, а видео спотот да изгледа онака како што изгледа, светски, филмски, емотивно се погрижи екипа составена од голем број на нивни соработници меѓу кои ќе ги споменеме: Елена Лука, Гоце Димовски кој ја свири гајдата, Викторија Чочоровска која се појавува како женски вокал во песната, Ансамбл “Македонија”, како и многу други.

Знаејќи дека и оваа песна од Next Time ќе остане во историјата на македонската музика, во продолжение со задоволство ви препорачуваме да ја слушнете новата песна и да го погледнете видео спотот за истата. Уживајте!

Можеби ќе ве интересира: