Музика на кирилица

Претседателот Стево Пендаровски се сретна со Ерос Рамацоти (Фото)

Претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски, оствари средба со италијанската ѕвезда Ерос Рамацоти пред неговиот концерт во Скопје. Во објавата на социјалните мрежи Пендаровски напиша:

“Со речиси 20 албуми зад себе и 30 годишна кариера, Eros Ramazzotti остава траен белег на светската музичка сцена. На нашата средба, непосредно пред вечерашниот концерт, промуабетивме за првиот контакт со музиката преку неговата гитара на 7-годишна возраст, па се до интернационалниот успех во 80-тите и 90-тите години на минатиот век. Зборувавме и за неговата втора страст – здрава животна средина”, напиша Пендаровски.

Претседателот на почетокот на својот мандат се сретна и со популарниот Стинг.

Можеби ќе ве интересира: