Музика на кирилица

“Прилеп фолк фест” слави 5 години

Петтото издание на фолк фестивалот “Прилеп фолк фест”, оваа година ќе се одржи на 16-ти мај во Домот на културата “Марко Цепенков” во Прилеп, како и изминатите пет години. Организаторите од Бокс продукција за оваа година најавуваат изненадувања за публиката, кои и оваа година ќе можат да уживаат во фолк рефрените на нашите познати фолк изведувачи, како и ва настапите на музичките гости кои се најавуваат од Бугарија и Србија.

И оваа година, како и изминатите, ќе има награди за најдобрите, награди од стручното жири и публиката, а ни овој пат нема да изостане признанието кое ќе го доделат акредитираните новинари, како и наградата за најслушана песна помеѓу две фестивалски изданија. Музика24 оваа година ќе биде дел од овој музички фолк фестивал, и за сите музички случувања кои се поврзани со “Прилеп фолк фест” читајте ги на нашиот музички портал.

Подготви: Марија Попоска

Можеби ќе ве интересира: