Музика на кирилица

Промовиран осмиот албум на Васил Хаџиманов Бенд „Кејф“

Осмиот студиски албум со наслов „Кејф“ на Васил Хаџиманов Бенд беше неодамна промовиран во фоајето на Македонскиот народен театар. 

Албумот е издаден во дигитален и CD формат од страна на хрватската издавачка куќа Croatia Records и содржи девет песни продуцирани од Васил Хаџиманов, Марко Периќ и Тони Китановски.

Васил Хаџиманов на прес-конференцијата истакна дека уживал додека го снимале албумот и дека е задоволен како испаднал. Продуцентот Тони Китановски посочи дека ова му е трета соработка со Хаџиманов.

„Васил Хаџиманов е музичар со единствен сензибилитет. Како пијанист, композитор, аранжер и педагог, тој е незаменлива врска на регионалната џез сцена и поединец кој во себе носи дел од своите предци кои, секој на свој начин ги обележија музичките простори на Балканот“, беше посочено на прес-конференцијата.

Новиот студиски албум на Васил Хаџиманов Бенд ќе биде претставен на концерт во Македонскиот народен театар на 12 април.

Можеби ќе ве интересира: