Музика на кирилица

Промовирана нова обработка на „Ако одам во Битола“ (Фото+Видео)

Денеска во Центарот за култура – Битола се одржа промоција на новата обработка на култната „Ако одам во Битола“, која се смета за химна на градот Битола. Новата верзија на легендарната песна на Петар Георгиев – Калица ја сними пејачот Димитар Андоновски заедно со групата „Фонтана“, камерниот гудачки оркестар и Сара Мејс како гостин на харфа.

топло да ви се забогладарам што оваа вечер сте заедно со нас. Ова е за нас еден свечен и радосен чин. Велам радосен, затоа што ние музичарите кога создаваме нешто ново, чувство е исто како кога се раѓа ново дете во нашето семејство. – истакна димитар.

Песната за првпат пред јавноста беше изведена на Фолк фест „Валандово“ во 1989 година. Автор е Петар Георгиев – Калица, аранжманот го направи сега покојниот Ѓорги Димчевски а мелодијата во оргиналот ја исполни октетот „Македонија“. Авторот на песната, Калица, беше присутен на промоцијата а Андоновски и аранжерот Благојче Трајковски претходно веднаш добиле дозвола за оваа обработка.

Познавајќи ја нивната досегашна работа на полето на музиката, воопшто не се двоумев и им реков направете онака како што планирате. – рече калица на промоцијата.

Филип Етмишовски
Фото: Музика24

Можеби ќе ве интересира: