Музика на кирилица

Рената Кралевска со “Please stay” во топ 40 во Полска

Популарноста и слушаноста на песните на нашата Рената Кралевска со уште една потврда за својот квалитет и светски звук. “Unıverse medıa” издаде компилација со најголемите 40 хитови за оваа зима во Полска, составена од домашни и странски песни. На компилацијата е и хитот на Рената “Please stay”. Важноста на ова признание уште повеќе го потврдува фактот што двојното ЦД е направено од музичките уредници на Радиото и телевизијата ЕСКА, најголемата музичка мрежа во Полска. Врз одлуката на уредниците помогнале топ листите на радио станиците во Полска, каде овие хитови биле на врвот подолго време во 2013-та година.

Оваа компилација е веќе во продавниците низ оваа земја. Во меѓувреме Рената и нејзиниот тим работат на нејзиниот деби албум. Нејзиното “отсуство” од македонската музичка сцена веќе некое време, од тимот го правдаат со обрвските и посветеноста што ги бара овој проект.

Подготви: Марија Каревска

Можеби ќе ве интересира: