Во петок во Сити Мол, во кафулето “Стејџ кафе” ќе се случи долго очекуваната промоција на деби албумот на “Римски Масив” едноставно наречен “Атељето на уметникот” со почеток во 21 часот. Албумот содржи 14 песни кои го обработуваат урбаното живеење и реалноста во Скопје, а како гости на истиот се појавуваат: Марко, Контра Напад и Страјк. Овој албум го издава Шурикен рекордс, а истиот ќе можете да го набавите на самата промоција по симболична цена од 100 денари.
Подготви: Катерина Митровска
