Музика на кирилица

Сара Мејс: За да е ова “случајно”, треба е правено од крајно неодговорни, незаинтересирани, непрофесионални и необразовани ликови

Темата околу Евровизија никако не стивнува, секој ден нов скандал, покренета е петиција за Васил да не ја претставува Македонија на Изборот на песна на Евровизија. Ретко кој од музичарите, јавните личности сака да го каже своето мислење на оваа тема. За Музика 24 Сара Мејс кажа што мисли за темата која е ја разбранува јавноста.

“Мислам дека е премногу дрско да промовираш знаме на друга земја во спот за песна која што ја претставува МАКЕДОНИЈА (на Евровизија).
Мислам дека е НЕВОЗМОЖНО грешката да е случајна.
Случајно на пример можеш да се сопнеш и да паднеш или да се извалкаш со кечап, или со зејтин, ама не и да извадиш СПОТ ЗА ЕВРОВИЗИЈА СО ТУЃО ЗНАМЕ.

Значи… пред да се објави еден спот, прво се смислува сценарио, потоа се бира локација, се мести СЦЕНОГРАФИЈА 😉 и се снима (се мести светло, камери, реквизита, се’….). Значи не снимаш рандом што ти дојде, никако не е случајно 😂🤦‍♀️.
Ти ГЛЕДАШ во таа сценографија дури се снима 😉
Не мижиш! Или ете можеби мижеле 😂
Но, дури и да мижеле тогаш, спотот оди на можтажа (пред да се издаде се разбира), каде што повторно се разгледува многу детално и студиозно, се проверува и се враќа многукратно, се’ дури не се добие саканиот производ – финалниот продукт.

Така да дечки… мислам дека на сите ни е јасно.

За да е ова “случајно”, треба е правено од крајно неодговорни, незаинтересирани, лабилни, непрофесионални и необразовани ликови…
Или пак да имаат здравствен проблем со очите односно да биле слепи, па ете не виделе… Или трета опција да не знаат како изгледа знамето на нивниот сосед Република Бугарија 😂…. А верувам дека знаат пошто слушнав горди изјави по интервјуа дека се бугарски државјани.
Така да, колку и да пробувам да најдам опција “случајна грешка” не ми успева…
Едноставно не е ОК…
Да не зборам за другите работи… Се вознемирувам.

Што е многу, многу е дечки!
Претеравте”.

Можеби ќе ве интересира: