Поради распродажба на првиот концерт од проектот “40 години Дарио и Миг 21”, Авалон продукција закажа втор концерт кој ќе се одржи во Македонската филхармонија на 18-ти февруари. Концертите се по повод 40 години од кариерата на Дарио, а во склоп на проектите со кои Авалон продукција прославува 30 години постоење.
Во Македонската филхармонија, македонската публика ќе има можност во блиска средба со македонската поп легенда да ужива во многуте безвременски хитови, изведени во живо со Миг 21, во уште поатрактивни аранжмани од студиските верзии.
“Иако интересот за проектот “40 години Дарио и Миг 21″ станува се поголем и поголем, поради недостаток на слободни термини во Македонската филхармонија, вториот концерт ќе биде воедно и последен”, не информираат од Авалон продукција.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од среда (8-ми февруари) од 9 часот наутро онлајн на аvalon.mk и ширум продажната мрежа на Aвалон по цена од: 1.200 денари и ВИП – 1.500 денари. Бидете брзи!
