Талент шоуто се враќа на малите екрани по тригодишна пауза. Наскоро ќе стартува новата сезона на „Пинкови ѕвездички“, а продукцијата одлучи кој ќе биде жирито на ова натпреварување. Членовите не се значително променети, освен што во петорката на црвените столчиња ќе се најдат Тијана Дапчевиќ и Ангелина.
Во жирито нема да ги видиме Милан Станковиќ, Хари Мата Хари и Гоца Тржан кои беа во жири претходните сезони, но мнозинство во жирито ќе бидат старите членови Јелена Томашевиќ, Сергеј Четковиќ и Леонтина Вукамонвиќ.
Снимањето започнува следната недела, а кастингот бил повеќе од успешен. Така за учество оваа сезона се пријавиле стотици талентирани деца.
