Еден од посвоените синови на пејачката Есма Реџепова и нејзиниот сопруг армоникашот Стево Теодосиевски, Симеон Атанасов, за Нова Македонија откри дека веќе подолг период пишува книга со работен наслов „Професор Стево и ние“.
„Книгата почнав да ја пишувам уште пред да почине Есма. Ќе биде многу искрена, ќе кажам многу работи, едноставно ќе си го отворам срцето. Знам дека многумина ќе бидат изненадени. Ќе стане збор и за нашето одење на Евровизија и замената на песната „Империја“, чии автори бевме јас и Борче Нечовски, за недавањето дозвола за градење куќа на Водно, за големите успеси, концерти, турнеи, средби, но и разочарувања. Соработувам со писателот Александар Кујунџиски од издавачката куќа „Антолог“, кој ми помага во пишување“, изјави Симеон.
Симеон од свои 7 години живееше со брачниот пар Теодосиевски во Белград. Учел во естрадното училиште на Стево Теодосиевски и бил член на „Есма – ансамбл Теодосиевски“. По смртта на Стево тој го превзема водството на „Есма – ансамбл Теодосиевски“ а сега го води „Есма бенд“
Извор: Нова Македонија
