Музика на кирилица

Сите трансформации на младата пејачка Рената Кралевска (Фото)

Млада е, позната и секако убава девојка. Дел е од македонската музичка сцена со неколку песни кои ги има зад себе, а веќе подолго време успева и на светските топ листи. Рената Кралевска неспорно обожува да експериментира со својот изглед, а нејзината стилска игра најчесто ја вклучува косата. 24-годишната девојка, која преку своите трансформации го покажува стремежот да се издвои од толпата, започнала да ја менува бојата на својата коса на 15-годишна возраст. Оттогаш македонската пејачка била бринета, црвенокоса и русокоса, а извесен период имала и розова фризура.

Во продолжение погледнете ги речиси сите нејзини трансформации:

Renata Kralevska

Renata Kralevska

Renata Kralevska

Renata Kralevska

Renata KralevskaВидеозаписот за “Trust your feelings” на Рената е објавен на VEVO. Песната е промовирана на RadioExpress во Лос Анџелес со дистрибуција до повеќе од 7.000 радија во светот. Ова е веќе петти сингл на Кралевска, која под името Rennata го освојува светскиот музички пазар. Текстот на новата песна е на Рената, а композитор и продуцент на песната е Зоран Алексиќ, додека режијата е на Илија Тодоровски. Стајлингот на спотот е дело на Даниел Николовски и Ивана Кнез.

Рената е првата во регионот која доби VEVO канал, што значи вистински престиж во музичкиот свет како платформа што ја користат големи светски музички имиња. Првиот сингл што се појави на овој канал беше “Because I Love You”, а подоцна следеше официјалното видео за “Please Stay”. Нејзината продуцентска куќа Sky Eye Entertainment има договор со iTunes, Amazon, Spotify, Shazam и останатите музички платформи каде што сите досегашни синглови на Рената, вклучувајќи го и последниот се достапни на публиката ширум светот.

Во продолжение, Ви предлагаме да го погледнете спотот за нејзината најнова песна “Trust your feelings”. Уживајте!

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: