Музика на кирилица

Скитара се враќа на музичката сцена

Скит Скитара се враќа на музичката сцена, но овој пат и како DJ на електронска музика. Веќе добро го знаеме како артист и музички продуцент, под чија палка се наоѓаат многубројни песни на македонски артисти. Електронската музика ќе продолжи да го претставува неговиот талент и на ова поле. “One shot” е неговиот нов Еlectro/Progressive House сингл кој од денес е веќе достапен за јавноста.

Скитара кој повеќе не е дел од “Токсикологија мјузик”, активно работи на своите нови проекти кои ќе го покажат во сосема ново и поинакво светло. Доколку сакате да ги следите неговите настапи и нови музички изданија лајкнете го неговиот официјалниот фејсбук фан пејџ: www.facebook.com/skitara.

Подготви: Маринела Каранфилоска

Можеби ќе ве интересира: