Ексклузивците на Авалон продукција, скопскиот бенд “Funk Shui”, пред неколку дена имаа свој настап во склоп на програмата на “Athens Music Week”. Интернационалната конференција и фестивал “Athens Music Week” се одржува од 16-ти до 21-ви јуни и ја нуди можноста да се откријат извонредни нови уметници од цела Европа, како и да се слушне широк спектар музика, од електроника до музика од светот, хип-хоп, рок, поп, џез итн.
Комбинирајќи физички и дигитални настани, “Athens Music Week” претставува комбинација од панел дискусии, вебинари и музички презентации кои ја нудат можноста за средби со музички професионалци и уметници од цела Eвропа со настани и сесии што се стримаат во живо.
“Funk Shui” во мај годинава го објави својот прв сингл “Метеори”, кој е најава за нивниот најнов албум.
