Познатиот хип-хоп артист Марко Слаткаристика на невообичаен начин го најјви неговиот најнов сингл за кој се подготвува и видео спот. Она што не заинтересира нас беше во позадина и кралот на саксафонот Ферус Мустафов кој на наше изненадување е дел од проектот кој заедно со Слаткар ја подготвуваат оваа мошне интересна нумера.
Нормално е дека ваков спој не се среќава секогаш, но за публиката е интересно да се види како звучи кога Ферус ќе засвири, а Марко ќе запее каде сето тоа се снимаше во студиото на Јованови, а носи наслов “Дими џам”. Моментално Слаткаристика е на едномесечна турнеја во Австралија заедно со Влатко Лозановски и Симона Попоска и по неговото враќање ќе се посвети на целосно завршување на неговиот трет соло албум.
Подготви: Редакција Музика24
