Можеби за Слаткаристика сеуште нема чуено цел свет, но од сега ќе може да го чуе целиот свет. Нашиот највлијателен македонски хип-хоп артист Слаткаристика од неодамна официјално е застапен и во најголемата музичка продавница во светот “iTunes”. На барање на истомислениците и љубителите на музичката култура што ја интерпретира Слаткаристика, песните од неговите два соло албуми сега можат да ги имаат сите, каде и да се!
Оваа интернет продавница дава можност on-line да си ја купите било која песна од 35-те на располагање, како и целите два соло албуми на Слаткаристика – “Слаткаристика будало” издаден во 2009-та и “Новиот албум” издаден во 2012-та година. iTunes продавницата е отворена 24/7.
Подготви: Виолета Трајкоска
