Младиот Стефан Спироски од Струга веќе подолго време се занимава со музика од својата најмала возраст има снимено неколку преработки и свои авторски песни. Тој неодамна настапи на 31-то издание на „Охрид фест“ со песната „Љубов моја” со која ја освои наградата за најдобра поп песна на фестивалот.
Автор на музиката е Григор Копров, а на текстот Огнен Неделковски. За аражманот е заслужен Димче Китрозоски, а гитарите во аражманот ги свири Александар Петрески
Стефан исто така имаше и одличен сценски настап за кој се заслужни Студио за танц „Бах“ од Струга. Како што вели Стефан за Музика24, оваа песна ќе биде снимена и на хрватски јазик, а за текстот е заслужна познатата Антонија Шола. Од него дознаваме и дека има снимено и втора авторска песна со многу посебно значење, бидејќи истата ја има напишано познатиот Кире Костов.
Во продолжение, погледнете го настапот на младиот Стефан на фестивалот „Охрид фест“.
