Музика на кирилица

Со макфестовската „Ме боли за се“ Елена Ристеска се враќа на македонската музичка сцена (Видео)

По повеќегодишна медиумска пауза, познатата и популарна македонска поп пејачка Елена Ристеска со песната „Ме боли за се“ се врати на македонската музичка сцена. Таа оваа песна ја изведе на неодамнешното 39-то фестивалско издание на „Макфест“ и како и секогаш, и овој пат доби огромен аплауз како и големо медиумско внимание.

Музиката, аранжманот и продукцијата на песната се на Александар Масевски. А текстот е напишан од Масевски и Ристеска. Видеоспотот пак, е во продукција на Сустеин Продукција, а зад камерата седеа Даниел Јовески и Били Д. Во видеоспотот се појавува познатиот македонски актер Игор Стојчевски.

Во продолжение, со задоволство Ви предлагаме да го погледнете видеото за нејзината најнова песна „Ме боли за се“.

Можеби ќе ве интересира: