Музика на кирилица

Со обработка на темата „Починка“, „Банкрот блуз бенд“ се враќаат на сцената

После 30 години, легендарните – „Банкрот блуз бенд“ ( Сашо Гигов – Гиш, Петар Ренџов и Игор Атанасоски – Харе) се собраа повторно, за да му оддадат почит на големиот Блаже Конески. Бендот направи обработка на неговата песна „Починка“, во нивен блуз стил. Новиот аранжман го потпишува Игор Атанасоски – Харе, а продукцијата е на Мите Димовски од „Тра-ла-ла студио“.

Да ја прославиме 100 годишнината од раѓањето на великанот Конески со убава македонска песна“ – порачува бендот, а публиката се радува на нивното враќање на сцената.

Инаку песната за прв пат е изведена на „Скопскиот фестивал“ во далечната 1976 година, од легендарната словенечка џез пејачка Зденка Ковачичек. Автор на музиката на стиховите на големиот Конески, е познатиот македонски композитор Љупчо Константинов.

Можеби ќе ве интересира: