Музика на кирилица

Среќна Нова 2013-та Ви посакува музичкиот портал Музика24

И ете, дојде уште една Нова година. Изминаа уште 365 дена, а за неколку часа не очекуваат уште толку. На почетокот на минатата година, речиси никој незнаеше кој сме и што сме, кој е Музика24… бевме нови на интернет просторот со јасна цел и планови, имавме многу предизвици, но и многу искушенија. Многумина од вас се радуваа што пополека, но сигурно станавме еден од водечките музички портали во Македонија, а некои пак (тие многу добро ќе се препознаат) се “ситеа” кога решивме во јуни месец да го ребрендираме и редизјанираме нашиот музички портал и да се исклучиме, молејќи се никогаш повторно да не се вратиме.

Иако не бевме присутни и не можевте да не читате, бевме дел од сите музички настани кои се од големо значење за македонската музика, тука ќе ги вброиме “Охрид фест”, “Макфест”, “Скопскиот фестивал”… бевме дел од многу промоции, музички настани, како и медиумски покровители на дел од фестивалите во Македонија. Ако на почетокот почнавме со скромна екипа, денес можеме слободно да се пофалиме дека нашата екипа брои повеќе од 10 новинари, соработници и дописници од кои допрва во Новата година ќе читате мнооогу текстови, интервјуа, репортажи…

На 12.12.12 како симболичен ден, повторно ја започнавме нашата музичка приказна онаму од каде што застанавме. За неполн месец имаме толку голем број на читатели, што некои портали само би можеле да ни завидуваат, бидејќи таа бројка за нив е тешко остварлива и со неколку месеци макотрпна работа. Во 2013-та, во новите 365 дена кои веќе за неколку часа ќе ни тропнат на врата, ви ветуваме многу текстови, многу ексклузивни интервјуа со музичари кои се и не се повеќе на македонската музичка сцена, ви ветуваме дека секој ден 24/7 ќе бидеме вашето добро утро и вашата добра ноќ. Ви ветуваме медиум кој освен тука-нашиот портал, ќе можете и да го слушнете и да бидете интерактивен негов креатор-Интернет радио “Радио24”

Музичкиот портал Музика24 ви ја честита новата 2013-та година, ви посакуваме пред се многу здравје, љубов, мир и спокој… кога тоа ќе го имате ќе бидете способни за се останато, ќе имате и желба да слушате музика и да бидете и вие дел од нашата музичка приказна.

СРЕЌНА НОВА ГОДИНА И СЕ НАЈДОБРО ВО НОВАТА ГОДИНА!

Тимот на Музика24.мк

Можеби ќе ве интересира: