Музика на кирилица

„Station: Innermost“ се предгрупа на утрешниот концерт на „Deep Purple“

Рок составот „Station: Innermost“ кој ќе настапи како предгрупа на концертот на легенрарните „Deep Purple“, утре во Скопје. Станува збор за бенд составен од пет ултра талентирани членови, секој со своја, уникатна музичка приказна, со фасцинантно познавање на инструментот на кој твори. Членовите на „Station: Innermost“ се: Наташа Миха (вокал), а покрај неа дел од бендот се и Дамир Пух (гитара), Стефан Петановски (гитара), Дарко Фотиновски (бас гитара) и Дејан Апостоловски (тапани). Иако се млад бенд, сепак овој состав има соработки со светски музичари како Дерек Шеринијан- клавијатурист на некои од најпопуларните бендови во светот меѓу кои и Billy Idol, „Kiss“, „Dream Theater“ и др.

Влезници сеуште може да набавите на сите продажни места во мрежата на Авалон низ земјава, плоштад „Македонија” и онлајн на avalon.mk

Можеби ќе ве интересира: