Скопскиот клавијатурист и кантавтор Љупчо Стефановски, познат како Stevie Rhodes, ќе ја загрева атмосферата пред концертот на „Бајага и Инструктори“. Стефановски е еден од основачите на култниот бенд „Автограм”, но и член во повеќе скопски рок бендови.
На настапот пред големиот концерт на „Бајага и Инструктори“ ќе престави дел од композициите што ќе се најдат на неговиот прв соло албум „Тивка Порака”.
