Музика на кирилица

Стихови од Тоше на собраниската говорница

Стихови од песната „Немаш ни благодарам“ искористи пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска. Таа имаше збор на собраниската расправа за реконструкција на Владата, а стиховите ги искористи да упати критики кон премиерот Димитар Ковачевски и министерот Сали.

„Ќе го цитирам нашиот Тоше Проески. Не кажа збор, молкот е одговор. Отсуството на премиерот е одговор дека овде нешто не штима. Овде се избираат нови членови во неговата Влада“, рече помеѓу останатото Стојаноска.

Сличен случај имаше минатата година во Србија, кога српски пратеник ја искористи познатата песна на Маја Беровиќ, „Ти луташ бебо“ за да го критикува претседателот Вучиќ.

Можеби ќе ве интересира: