Музика на кирилица

Суперхикс за старт на ски сезоната на Маврово

По преполната “Метрополис Арена” на Таксират позитивниот концерт, со кој Суперхикс ги прославија 18-те години постоење на бендот, промотивните концерти за нивниот нов албум “Африка” продолжуваат оваа сабота во Маврово. Со почеток во 13 часот Суперхикс, ќе одржат концерт со кој воедно ќе биде означено отворањето на годинешната скијачка сезона на Маврово. За вљубениците во зимските спортови ова ќе биде жестоко загревање пред вистинското уживање во зимата и одличен предизвик за првиот ски-скок на “Африка”.

Точно пред месец дена, Суперхикс го објавија своето последното студиско остварување “Африка” во дигитално издание. Албумот кој е достапен за бесплатно преземање, до сега брои близу 10.000 преземања. Супехикс се проверен рецепт дури и за најпребирливите концертни поклоници, а истите ќе имаат можност да ја искусат фештата и следниот петок (28.12) кога банда инструментале ќе настапи во клубот “Селект” во Струмица, додека пак за новогодишната ноќ Суперхикс ќе бидат главни ѕвезди на забавата на градскиот плоштад во Прилеп, за што Музика24 веќе пишуваше.

Подготви: Виолета Трајкоска

Можеби ќе ве интересира: