Музика на кирилица

„Taftalidze Shuffle“ на Влатко Стефановски е најпродаван албум во Хрватска (Фото)

Новиот албум на маестро Влатко Стефановски „Taftalidze Shuffle“ се најде на врвот на официјалната листа на продажба на албуми во Хрватска, оставајќи ги зад себе: албумите на „Црвена јабука“, „Бајага“, Божо Вреќо, Амира Медуњанин, реизданијата на „Мајке“, Дискобиографија на Габи Новак итн. Успехот на Стефановски кореспондира со неговиот статус на легенда во целиот регион и е големо признание за македонската музика воопшто. Особено претставува феномен тоа што албумот е отпеан на македонски јазик, што го прави посебен и ексклузивен.

Можеби ќе ве интересира: