Музика на кирилица

Тамара беше гостин на концертот на Марија Шерифовиќ во Белград (ФОТО)

Популарната Тамара Тодевска продолжува со настапите низ регионот и Европа. Вчера Тодевска беше гостин – изведувач на концертот на мега ѕвездата Марија Шерифовиќ во “Сава центар“ во Белград.

Шерифовиќ имаше закажано 4 концерти на 8-ми, 9-ти, 11-ти и 26-март во “Сава центар“ кој се одржуваат и покрај препораката за одложување на масовни собири поради Корона вирусот.

https://www.instagram.com/p/B9nGZt_loXY/?utm_source=ig_web_copy_link

На претходните 2 концерти гости на Марија беа популарните српски ѕвезди: Јелена Томашевиќ и Александра Радовиќ.

Тамара продолжува со своите настапи низ Европа и во следниот период. Веќе на 29 март Тамара по втор во краток временски интервал ќе настапува во Лондон. Поводот е позната “London Eurovision party“.

Фото: Instagram/Facebook

Можеби ќе ве интересира: