Тамара Тодевска ја промовираше и српската верзија за песната “Слобода”. Автор на музиката е Роберт Билбилов, текстописец е Игор Џамбазов, а аранжманот е на Дарко Димитров. Спотот за сите верзии е сниман во Музејот на современа уметност во Скопје и во режија на Зоран Зонде Стојановски.
https://www.youtube.com/watch?v=EQvfWXYlyCA
“Слобода” е прва македонска песна од новиот, трет по ред албум кој треба да биде готов до крајот на летото. “Слобода” има и своја англиска верзија “Rise”.
