Музика на кирилица

Тамара Тодевска наскоро со нов сингл “Довидување таго“

После објавувањето на втората бременост уште еден новитет кај Тамара Тодевска. Имено Тамара деновиве на грчкиот остров Амулијани го снима спотот за својот нов сингл насловен “Довидување таго“.

https://www.instagram.com/p/BkWBdbrFSjO/?hl=en&taken-by=tamaratodevska

Како што кажа Тамара во неодамнешното гостување во емисијата “Вечер со Тијана“, автор на песната е Роберт Билбилов а истата му е посветена на нејзината ќерка Хана.

„Скоро бев кај Роберт Билбилов, ми пушти песна што две години ја чувал и знаел дека кога тогаш ќе си дојдам како попче во студио и дека ќе ја испејам“.  – рече помеѓу останатото Тамара.

Подготви: Филип Етмишовски

Можеби ќе ве интересира: