Музика на кирилица

Таско стана татко 

„Фала ти Господе за овој прекрасен благослов“, напиша Таско на Инстаграм и откри дека станал татко. Првото дете на Таско и неговата сопруга Наташа кое што е машко, го доби името Лукијан.

Името Лукијан потекнува од латински збор што означува светлина, осносно, „оној што свети, осветлува“. Инаку, Таско и Наташа се во брак од 2022 година, а во мај годинава се венчаа во црква и направија свадба со многу гости.

Можеби ќе ве интересира: