Пред неколку дена македонската публика конечно ја дозна евровизиската песна, бидејќи нашиот претставник веќе се знаеше. На посебна емисија на Македонската телевизија беше претставена евровизиската песна, односно македонската и англиската верзија на истата. На социјалните мрежи кружеа разно разни коментари, меѓутоа нашата овогодишна претставничка овој пат не се замараше со сето тоа. Таа за македонските медиуми изјави:
“Никогаш не сум била скромна. Не се задоволувам со влез во финале, ниту во полуфинале. Во Данска одам да победам. Возбудена сум, имам голема одговорност и голема чест ми е да ја претставувам Македонија”, изјави Тијана. Инаку, изминатиот викенд Тијана снимаше видео разгледница со која Македонија ќе биде претставена во Копенхаген.
Подготви: Елена Ивановска
