Македонската пејачка Тијана Дапчевиќ, која претходно работеше како водителка на телевизија Пинк, после долгогодишна пауза се враќа на малите екрани со своја емисија.
Тијана ќе води своја емисија на телевизија Хепи, која во последно време е во центарот на вниманието поради емитувањето на контраверзните реални шоуа. Дапчевиќ веќе подолго време работи како музички уредник на оваа телевизија. Единствен познат детал за емисијата е дека таа ќе води заедно со уште еден водител но за каков тип на емисија се работи останува да видиме!
Подготви: Филип Етмишовски
