Измамник и зеде на Тијана Дапчевиќ повеќе од 50 илјади евра. “Учествував во измама на деценијата”, изјави Тијана во српската емисија “Скандалозно” и ја откри измамата во која беа жртви таа и нејзиниот сопруг. Тие инвестирале повеќе од 50 илјади евра во изградба на нова зграда во белградската населба Звездара. Откако ги дале парите заминале на турнеја низ Австралија.
“Кога се вративме немаше ни темели ни ништо, а требаше да биде започната изградбата”, изјави пејачката која сега е на суд и се тужи со измамникот. Освен Тијана истиот човек измамил уште десетина други луѓе.
Подготви: Редакција Музика24
