Музика на кирилица

Тони Зен со нов сингл го најави својот нов албум (Видео)

Музиката на Тони Зен отсекогаш била единствена мешавина на храброст и интелигенција. Важи за човек кој ги поместува границите и кој не прифаќа компромис во музиката. Веднаш по првите тактови на било која негова песна се препознава неговиот единствен стил. Пред многу години публиката го препозна, а со секое ново слушање на неговите песни тоа и го наградува. 

По успешното пласирање на песната „Планот“, следува уште една која го носи насловот „Првата нота“. Ова е вториот сингл со видео запис според планот, на кој слушателите и гледачите нема да останат рамнодушни. 

„Првата нота“ те тера да мрдаш глава и тело. Многу сум задоволен затоа што се оствари оваа соработка помеѓу луѓето во кои верувам. Веќе кажав дека ова е само почеток. Наскоро следува и новиот, 7-ми албум во кои ќе бидат сите нови песни од потпишувањето на договорот со „Прагма продукција“. – вели Тони Зен 

На видео записот се потпишуваат Владислав Гавриловски и Илија Димкоски, а музиката ја направија Нино Васков и Ики. 

Можеби ќе ве интересира: