Музика на кирилица

Тоше Проески оживува на големото платно: Македонија ќе снима филм, документарец и тв серија! (Фото)

Македонија и целиот Балкан наскоро ќе станат сведоци на најголемиот културен проект посветен на вечната македонска музичка легенда – Тоше Проески. Министерот за култура и туризам на Република Македонија, на својот Фејсбук профил, најави неверојатен проект кој ќе го одбележи животот и делото на македонската музичка икона Тоше Проески.

Со огромно задоволство, Министерот најави дека во следните две години ќе се реализираат три големи проекти – игран филм, кој ќе ги оживее најубавите и најемотивните моменти од животот на Тоше, документарен филм кој ќе ги открие неговата скромност, хуманост и неверојатна харизма и ТВ-серија, во која ќе се прикаже патот на момчето од Крушево до симболот на љубовта и надежта. Проекти кои ќе го прослават животот на Тоше и неговото влијание не само во Македонија, туку и на целокупниот Балкан.

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков најави дека проектот ќе биде реализиран со финансиски средства од буџетот на Македонија, а носител на истиот ќе биде Македонската радио-телевизија, во соработка со национални телевизии од Балканот. Финансиската поддршка и копродукцијата на неколку телевизии ќе обезбедат оваа приказна да стигне до срцето на сите кои го обожаваат Тоше и неговото наследство.

„Тоше Проески не беше само музичка икона за Македонија, туку и за целиот Балкан, а овој проект ќе има големо регионално значење“, истакнува Министерот. Согласноста на семејството на Тоше е веќе потврдена, а со овие проекти ќе го разоткриеме неговиот живот, неговата мисија и љубовта која ја остави зад себе.

Тоше Проески не беше само пејач, туку и симбол на хуманост, љубов и инспирација. Подгответе се за многу емоции, носталгија и гордост, бидејќи Тоше никогаш не замина – тој живее во нашите срца засекогаш!

Можеби ќе ве интересира: