Снимањето на новиот, петти по ред албум на “Тотално Опуштање” се одвиваше во “Студио Кај Трајче” во текот на месецов и истото е завршено. Музички продуцент, како и на претходните две изданија е нивниот долгогодишен пријател Дарко Поповски – Блуз. Материјалот се дотерува и наскоро ќе биде достапен за јавноста. Со овој албум групата го одбележува својот 20 годишен јубилеј, а како што и самите велат, до крајот на годинава ќе биде промовиран и концертно.
Подготви: Катерина Димиќ
