Музика на кирилица

Трпчески и пријателите го издадоа албум “Македонисимо”

Реномираниот македонски пијанист Симон Трпчески и неговите пријатели после 3 години изведби во живо, конечно го издадоа “Македонисимо” во облик на албум.

“Денеска е голем ден, Голема Богородица, но и голем ден и голема победа на македонската музика, длабока историја и уметност. На овој албум на многу уникатен начин се обработува македонската народна музика од страна на македонскиот композитор Панде Шахов, кој ја обои на многу поинаков начин, испреплетувајќи ја со различни музички стилови. Јас сум неизмерно среќен што по тригодишното нижење на сиот тој материјал на концертните сцени ширум светот дојде денот на овој носач на звук”, изјави Трпчески за Македонското радио.

Во подготовката на албумот учествуваа неговите пријатели: Александар Краповски (виолина), Александар Сомов (виолончело), Хидан Мамудов (кларинет, саксофон и кавал) и Влатко Нушев (удиралки). Продуцент е Џереми Хејс од “Лин рекордс”.

Можеби ќе ве интересира: