“Урбан рекродс” беше студио оформено во 2009-та и броеше осум членови. Во 2010-та година студиото беше затворено и само Тракер и Арди останаа да работат напорно снимајќи за да видат до каде ќе стигнат. Работеќи во јуни 2013-та година, повторно и официјално се формира студиото “Урбан Рекордс”, а дел од него се Тракер како продуцент, Арди како артист, DJ Насти и DJ Даворкне.
Во мај 2013-та, Тракер го извади својот прв соло албум во кој како продуценти учествуваја Tyte, Васко Патуљаче, Аце Мице, IWASS, Biophyzix и Angelo SKC, но како продукт беше изваден од страна на Skopje Crew и Reel Hazard. Во овој момент се работи со полна пареа на новиот албум на Арди, но и на микстејпот на Тракер, а во септември наредната година се очекува и видео спот. Урбан Рекордс моментално соработува со преголем број на рапери, пејачи, музичари, аудио и видео продуценти. Тие имале многу настапи од кои најважни за нив е отворањето на концертот на ДНК, BUS Fest Bitola, Македонски хип-хоп награди, Total Demo Fest итн.
Ви прилог погледнете го линкот од нивната страна на facebook, доколку Ви се допаѓаат, секако, бидете нивни пријатели.
Подготви: Маринела Каранфилоска
