Музика на кирилица

Вечерва летниот фолк-хит во општина Новаци со редарска контрола и задолжителна ковид потврда (Фото)

Градоначалникот Општина Новаци Љубе Кузмановски, кој заедно со општината е покровител на изборот за летен фолк-хит, завршниот настан од манифестацијата Културно-забавно лето, ги покани заинтересираните да го проследат фестивалот, на кој во општинскиот двор ќе настапат околу 20 познати музички имиња од домашната фолк сцена.

“Да бидеме одговорни и совесни и да се заштитиме. Новите мерки за заштита ќе важат при одржувањето на фестивалот, а на редарската контрола ќе треба да и приложите задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, или потврда за прележан Ковид-19, првите 45 дена по прележувањето”, објави Кузмановски на својата страница.

Дали овој летен фолк-хит ќе има публика со оглед на тоа дека има одредени мерки кои и не се многу популарни кај граѓаните, ќе видиме, но како и да е. Доколку не бидете дел од публиката во живо, Ин телевизија, ТВ Сонце и уште 25 регионални телевизиски станици ширум Македонија одложно ќе го емитуваат овој летен музички настан.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: