Со почеток на новата работна сезона, музичкиот портал Музика24 и еден од најгледнаните YouTube проекти во Македонија, “Жешко столче”, чии автор и водител е младиот Никола Трпковски, стартуваат заедничка соработка која веруваме ќе биде успешна и долготрајна. Со задоволство ние од музичкиот портал подржуваме ваков музичко-забавен проект со музички гости од Македонија и странство кој искрено веруваме дека е успешен и дека допрва ќе се пишува и зборува за истиот.

Во новата емисија со која водителот Никола ја стартува новата трета сезона и која ќе биде постирана точно во 19 часот на каналот на “Жешко столче”, негова специјална и ексклузивна гостинка е балкански познатата и надалеку барана Јелена Розга, која во интервју за “Жешко столче” открива дел од својот живот, интимни моменти, одговара на незгодни прашања и открива дел од своите идни планови. Еден од многуте спонзори на овој проект е и препознатливниот Intermezzo Music Bar.

Од денес па натаму, освен музичкиот портал Музика24, веруваме дека и “Жешко столче” ќе биде она со што ќе започнува и завршува Вашиот ден.
Подготви: Марија Поповска
