Музика на кирилица

Велевска и послужи како инспирација на Гавазова (Фото)

Домашната естрада речи си и да е во зимски сон, ретко кој прави нешто кое ќе предизвика внимание кај медиумите, публиката. Ако некој знае да го предизвика вниманието на јавноста и на нејзина адреса се упатат голем број комплименти, мислења тоа е Елена Велевска.

На инстаграм стору стави фотографија на која никој не остана рамнодушен. Секој си ја доживеа на свој начин и го виде она кое што сака. Фотографијата ја разбранува домашната јавност и беше топ тема како на социјалните медиуми така и во “чаршијата”. Да не остане покуса Гавазова отиде чекор напред и постираше топлес фотографија на која сопругот и ги држи градите.

Фото: Ноно

Ако во случајот на Елена коментарите беа позитивни овде преовладуваа негативните. Еден од лавината од кометнари беше: “Бар можел ноктите да ги исече”.

Кој од кого копира, пресудете сами.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: