Единствениот естраден магазин “Бекстејџ” , својата екипа ја пресели на охридското крајбрежје од каде информираат за се она кое што се случува во Охрид, но и околината, но не ги пропуштаат значајните настани кои се случуваат во главниот град. Во прекрасниот абиент на Ресторан Острово, една од локациите во која екипата на Бекстејџ имаат инпровизирано студио. гостинка беше фолк ѕвездата Елена Велевска, која 12 години живее во Охрид , а во разговорот откри што е она кое и се допаѓа од Охрид, што е она кое што треба да го посетиме доколку сме во Охрид, но и за омилените охридски специјалитети.
Она кое што привлекува посебно внимание е абмиентот во кој е снимен разговорот, а тоа е во ресторан Острово во Св. Наум кој се наоѓа во близина на манастирот Св. Наум, на еден од двата острови на изворите на реката Црни Дрим.
Вистинското место каде може да уживате во природните богатства кои ги поседува овој дел од Охридското езеро.Во ресторанот ќе можете да ги вкусите сите видови на македонска традиционална храна од Охридскиот регион како грав, полжави, пита со спанаќ, охридско ѓомлезе, сарма, повеќе видови на риба пастрмка, јагула, крап но и морски плодови.
А ваш е изборот дали Вашиот престој и ручек во ресторанот ќе биде на островот или на сплав на вода помеѓу убавите на раскошната природа на изворите.
За потполно летно доживување , не ги пропусштејте премиерните изданиа на Бекстејџ, секој работен ден во 17.55 само на Телма.
Целиот разговор може да го погледнете во продолжение
